Душан Ќириќ ДООЕЛ - Росоман, Кавадарци е компанија за земјоделско производство и извоз-увоз. Компанијата има долга традиција на производство на квалитетни земјоделски производи, меѓутоа голем развој и прилагодување на новите текови доживува во 2002 година.
Во моментот вработува 150 (сто и педесет) работници, а главен менаџер е Кире Шошев - добро остручен, искусен менаџер и дипломиран економист. Душан Ќириќ ДООЕЛ Росоман - Кавадарци за краток период успеа да ја обнови земјоделската механизација, да изгради ладилник со капацитет од 500 ( петсотини) тони и да инвестира во нов прасков насад.

Потребите на домашниот и странските пазари ја трасираат насоката по која, оваа компанија, оди планирајќи ја својата иднина во основа како компанија за земјоделско производство. Род со одличен квалитет, негуван на сопствените плантажи, стана предизвик воден од желбите и мотивите за тоа - мисла што и овозможи на компанијата да стане конкурентна на пазарот.

Компанијата располага со 1000 ha (хектари) сопствено земјиште на кои најзастапени земјоделски култури се праските - вкупно 150 (сто и педесет) хектари и 120 (сто и дваесет) хектари винско грозје. Согласно со условите што ги диктира пазарот, редовно се инвестира во нови праскови и лозови насади со цел да се задоволат потребите на пазарот.

Што се однесува до инфраструктурата и логистиката, Душан Ќириќ ДООЕЛ Росоман - Кавадарци располага со модерен канцелариски простор најсовремена земјоделска механизација, ладилник и големи површини магацински простор кои се неопходни за постигнување на високиот квалитет на нашите производи.

Организациската структура се состои од следните еконмски единици: Економска единица Овоштарство, ЕЕ Лозарство, ЕЕ Поледелство и ЕЕ Градинарство.

Производствената програма се состои од одгледување праски, грозје, градинарски култури и житни култури.

Дозволете, Душан Ќириќ ДООЕЛ, да Ви го претстави своето производтсво, а потоа решете дали сакате да станете дел од тоа што веќе утре ќе се именува како успешна приказна во бизнисот за земјоделско производство.

Партнерство и доверба - под тоа го ставаме својот потпис.

Душан Ќириќ ДООЕЛ, Росоман – Кавадарци