ЖИРИ НА ОФИЦИЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА НА
27. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА ФИЛМСКА КАМЕРА
„БРАЌА МАНАКИ“

 

отвори сите ↓ | затвори сите ↑

Фабио ЧАНКЕТИ, Италија, кинематографер - претседател

Чанкети е еден од водечките од групата италијански кинематографери. Неодамна го заврши овде, во Македонија, филмот СЕНКИ, третиот филм на македонскиот сценарист и режисер Милчо Манчевски. Од 1983 до денес Чанкети снимил над 40 долгометражни филмови како кинематографер. Едно од неговите најдобри понови остварувања беше филмот СОНУВАЧИ (2003), во режија на Бернардо Бертолучи. Исто така, негови познати филмови се ЅВЕР ВО СРЦЕТО (2005, режија Кристина Коменчини, италијански филм номиниран за Оскар) и ТИГАРОТ И СНЕГОТ (2005, режисер Роберто Бењини).

ФИЛМОГРАФИЈА (избор)
СЕНКИ (2007, во постпродукција);
ДУХОТ НА КОРЛЕОНЕ (2006);
ЗЕМЈАТА (2006);
ТИГАРОТ И СНЕГОТ (2005);
ЅВЕР ВО СРЦЕТО (2005);
ВАНИЛА И ЧОКОЛАДО (2004);
СОНУВАЧИ (2003);
ДЕСЕТ МИНУТИ ПОСТАР: ЧЕЛОТО (2002);
НАЈУБАВИОТ ДЕН ОД МОЈОТ ЖИВОТ (2002);
БЕНЗИН (2001);
НОБЕЛ (2001);
ТРИУМФОТ НА ЉУБОВТА (2001);
СИНОВИ (2001);
ЉУБОВ ВЕРОЈАТНО (2001);
ПЈЕР ПАОЛО ПАЗОЛИНИ И РЕЗОНОТ НА ЕДЕН СОН (2001);
ВОДЕЊЕ ЉУБОВ (2000);
СЛАТКИОТ ЗВУК НА ЉУБОВТА (1999);
ОПКОЛЕНИ (1998);
ВИОЛА ГИ БАКНУВА СИТЕ (1998);
ПИСМОТО (1997);
ВО ДЛАБОКАТА СТРАНСКА ЗЕМЈА (1997);
СИНА ЛИНИЈА (1996);
МНОГУ СОНЦЕ (1994);
РАЗОНОДИТЕ НА ИНТИМНИОТ ЖИВОТ (1992);
ИТАЛИЈАНСКА САБОТА (1992);
ПОТРЕБНА ЉУБОВ (1991);
ЉУБОВИ ВО БРЗАЊЕ (1989);
КАМЕЛИИ (1988);
КОЖЕНО ЦВЕЌЕ (1987);
СОПРУЖНИЦИ (1987);
КАКО ДА КАЖАМ (1983).

Д-р Мартин БЛЕЈНИ, Велика Британија, филмски критичар - член

Откако дипломирал германски и руски јазик, Мартин Блејни докторирал на тезата: За односите помеѓу филмската индустрија и телевизијата во Западна Германија. Живее во Германија од 1988 и работи, меѓу другото, за Берлинскиот меѓународен филмски фестивал - Берлинале, Филмфест - Минхен, за Ротердамскиот меѓународен филмски фестивал, како и во разни иницијативи на МЕДИА програмата на Европската унија.

Во 1999 стана германски дописник за британското филмско списание “Screen International”, а и редовно соработувал со “German Films Quarterly”. Во 2000 година го напуштил “Screen International” прифаќајќи ја функцијата Менаџер за печат и односи со јавноста во агенцијата Road Movies Filmproduktion во Берлин, а подоцна сепак му се враќа на списанието по една година.

Освен неговите новинарски активности, работел како претседавач на семинари и работилници на фестивалите во Берлин, Гент, Стразбур, Манхајм, Утрехт, Лондон, Котбус, Сараево, Луенен, Варшава и Члуј, како и за кампусот на таленти на Берлиналето. Пред тоа бил во фестивалски жирија во Измир, Амстердам, Плзен, Берлин, Олденбург, Сфанту Георге (Романија) како и во жиријата на ФИПРЕСЦИ /Светската асоцијација на филмски критичари на фестивалите во Визбаден - „Оди кон исток“, Варшава, Софија и годинашниот Палиќ во Србија. Д-р Блејни беше и член на жирито на годинашново доделување на наградата за најдобар швајцарски филм и наградата „Филм за мир“ на Берлиналето во 2006.

Мартин ГШЛАХТ, Австрија, кинематографер - член

1969 Роден во Виена;
1991 студирал продукција и филмска камера на Виенската академија за филм;
1996 дипломирал, магистрирал, и во моментов е слободен кинематографер/ДнФ;
1999 продуцент и основач на продуцентската куќа Coop 99 filmproduction.

ФИЛМОВИ (избор)

ДИК/DICK (работен наслов)
режија: Антонин Свобода/Antonin Svoboda
Игран филм, во постпродукција.
ЗДРАВИЦА/ TOAST (2006)
режија: Џесика Хауснер/Jessica Hausner
Инсталација во Kunsthaus Graz.
DANIEL KÄFER - DIE SCHATTENUHR (2006)
режија: Џулиан Полслер/Julian Pölsler
ТВ - игран филм, снимен според романот на Алфред Комарек/Alfred Komarek.
МИЗЕРИЈА/ SLUMMING (2006)
режија: Михаел Главогер/Michael Glawogger
Игран филм. Бил во компетиција на Филмскиот фестивал во Берлин 2006.
ЗАРИН/ZARIN (2005)
режија: Ширин Нешат/Shirin Neshat
Инсталација на изложбите во Њујорк, Берлин, Токио.
ЖИТИ ЖИВОТОТ/ YOU BET YOUR LIFE/SPIELE LEBEN (2005)
режија: Антонин Свобода
Игран филм кој учествувал во компетција на фестивалите во Сан Себастијан, Торонто...
Добитник е на наградата за најдобра фотографија на Австриската Асоцијација на Кинематографери, 2005/2006.
ХОТЕЛ / HOTEL (2004)
режија: Џесика Хауснер
Игран филм кој учествувал во официјална селекција - Кан, во програмата „Извесен поглед“ 2004;
Добитник е на наградата „Бронзена камера 300“ на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола 2004;
Добитник е на наградата „Großer Diagonale Preis“ за најдобар австриски филм во 2005.

АНТАРЕС/ ANTARES (2004)
режија: Гоц Спилман/Götz Spielmann
Игран филм кој учествувал во конкуренција на фестивалите во Локарно, Торонто...
СЛОБОДНИ РАДИКАЛИ / FREE RADICALS (2003)
режија: Барбара Алберт/ Barbara Albert
Игран филм кој учествувал во конкуренција на фестивалите во Локарно, Торонто, Њујорк.
СТУДЕН ФРОНТ / COLDFRONT (2003)
режија: Валентин Хиц/Valentin Hitz
Игран филм кој учествувал на фестивалот во Сарбрикен/Saarbrücken...
НА ПОЧЕТОКОТ БЕШЕ ОКОТО / IN THE BEGINNING WAS THE EYE / AM ANFANG WAR DER BLICK (2002)
режија: Бади Минк/Bady Minck
Игран-анимиран филм кој го реализирал заедно со авторите Ј. Палац/J. Palacz, М. Пуц/M.Putz.
Учествувал на фестивалот во Кан 2003 во програмата КЕНЗЕН / Петнаесет денови на авторите.
ИГРА ВО СИВО УТРО/SPIEL IM MORGENGRAUEN (2001)
режија: Гоц Спилман
ТВ - игран филм, реализиран според романот на Артур Шницлер/Arthur Schnitzler
УБАВАТА РИТА / LOVELY RITA (2001)
режија: Џесика Хауснер
Игран филм, учесник во официјална селекција во Кан, во програмата „Извесен поглед“ 2001;
Учествувал во компетиција на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола 2001.
ВАНЕСА БИКРОФТ ВБ 45/ VANESSA BEECROFT VB 45 (2001)
режија: Ванеса Бикрофт/ Vanessa Beecroft
Инсталација „VB 45“ со која учествувал на изложбата на отворањето на Kunsthalle Виена
СЛАДОК ЖИВОТ & Ко/ DOLCE VITA & Co (2000)
режија: Ерхард Ридлшпергер/Erhard Riedlsperger
ТВ серија
ЛУНА ПАПА/ LUNA PAPA (1999)
режија: Бахтијар Худојназаров / Bachtiar Khudoinazarov
Игран филм кој го реализирал заедно со режисерите Д. Јоксимовиќ и Р. Пирумов.
Бил прикажан на фестивалот во Венеција 1999, надвор од конкуренција.
ИНТЕРВЈУ /INTER-VIEW (1999)
режија: Џесика Хауснер
Краток филм, учесник на фестивалот во Кан, во официјалната селекција на кратки филмови – Cinefondation, каде што ја добил Специјална награда на жирито/Prix Special Du Jury
RATRACE (1998)
режија: Валентин Хиц
Игран филм кој учествуваше во конкуренција на фестивалот во Сан Франциско, и ја освои наградата СРЕБРЕНА ЛОЗА

ФИЛМОВИ ВО ПОДГОТОВКА

ЛЕТОТО 1953/ SUMMER 1953 (работен наслов ЖЕНИ БЕЗ МАЖИ/Women Without Men)
режија: Ширин Нешат
ЗА МОМЕНТ, СЛОБОДА/FOR A MOMENT, FREEDOM
режија: Араш/Arash

Срѓан КАРАНОВИЌ, Србија, режисер - член

Дипломирал и магистрирал на Факултетот за филм и телевизија - ФАМУ во Прага, поранешна Чехословачка, 1970.

ИГРАНИ ФИЛМОВИ

2003 СЈАЈ ВО ОЧИТЕ
Венеција, 1960, во конкуренција. Исто така, и во Торонто, Сан Франциско, Ерусалим, Рио, Чикаго, Монпеје, Софија, Атина, и на многу други меѓународни фестивали. Добитник е на шест награди во различни категории.


1991 ВИРЏИНА
Најдобар филм на годината (по избор на критичарите) во поранешна Југославија во 1991, Гран-при во Валенсија, Специјална награда - Ла бол меѓу 10 најдобри европски филмови (ФЕЛИКС), ФЕЛИКС и за најдобра споредна женска улога. Исто така, учествувал и на меѓународните филмски фестивали во Лондон, Сан Франциско, Ерусалим, Белград, Рио, Монпеје, Братислава, Њујорк, Вашингтон, Ротердам, Карлови Вари и Гетеборг.


1988 ЗА СЕГА БЕЗ ДОБАР НАСЛОВ
Прва награда - “Златно лале“ на Истанбулскиот филмски фестивал. Исто така, учествувал и на фестивалите во Монтреал, Ерусалим, Ванкувер, Лондон, Сиднеј, Сан Франциско, Њу Делхи, како и на други филмски фестивали.


1985 СО ГРЛО В ЈАГОДИ
Учествувал на фестивалите во Венеција, Монтреал, Монпеје, Минхен, Чикаго, Ерусалим и др.


1983 НЕШТО ПОМЕЃУ
Гран-при - Валенсија, Специјална награда - Бастилја. Најдобра режија - Пула. Учествувал и на фестивалите во Кан, Монтреал и Каиро.


1980 ВЕНЕЦОТ НА ПЕТРИЈА
Југословенски филм на годината, најдобар филм - Пула. Учествувал на фестивалот во Венеција. По избор на критичарите како најдобар југословенски филм на годината, дистрибуиран е во САД од New Yorker Films. А прикажан е, исто така, и во Ла Рошел, Mонпеје и др.


1978 МИРИСОТ НА ПОЛСКОТО ЦВЕЌЕ
Ја доби наградата на ФИПРЕСЦИ во Кан, освои награда за најдобра режија во Пула. Дистрибуиран во САД од New Yorker Films. Прикажан е во Локарно, Ла Рошел и др.


1972 ДРУШТВЕНА ИГРА
Избран е за најдобар дебитантски филм во Пула. Учествувал на Канскиот фестивал 1973, како и на филмските фестивали во Ротердам, Ла Рошел, Монпеје.


ТЕЛЕВИЗИЈА

1967-1997, режирал и напишал сценарија за 75 документарни филмови, повеќе од 20 рекламни спотови (за агенциите/весниците “Борба“, “Дело“, “Saatchi & Saatchi” и 9 едукативни филмови).

1981- 88, продуцент е на кратки документарни филмови на студентите од Факултетот за драмски уметности (ФДУ) за Белградското ТВ - студио.


1975 СО ГРЛО В ЈАГОДИ
ТВ - серија од 10 епизоди во траење од по еден час за Белградското ТВ студио. Емитувана е на сите поголеми телевизиски програми во поранешна Југославија. Оценета е за најдобра и најпопуларна ТВ - серија, за најдобро сценарио и режија на ТВ фестивалот во Порторож, како и на фестивалот во Монте Карло.


1974 ПОГЛЕДАЈ МЕ, НЕВЕРНИЦЕ
ТВ - игран филм. Се смета за еден од десетте најдобри во целата ТВ продукција на поранешна Југославија.


СЦЕНАРИЈА

1967-1999, бил сценарист или косценарист за сите свои документарни, играни филмови и ТВ серии. Бил косценарист и за филмовите на Рајко Грлиќ: АКО ТОА МЕ УБИЕ и БРАВО, МАЕСТРО!


1998, ја напиша книгата ДНЕВНИКОТ НА ЕДЕН ФИЛМ (ВИРЏИНА 1981-1991) која беше издадена од Факултетот за драмски уметности во Белград.


ПРОФЕСОР ПО ФИЛМ

1997 - Факултет за драмски уметности, Белград (Југославија)
1994-96 - Бостонскиот универзитет (САД)
1992-94 - Универзитетот Веслејан (САД)
1989-92 - Факултет за драмски уметности, Белград (Југославија)
1989 - Универзитетот во Њујорк & Колеџот Бруклин на CUNY (САД)

МЕЃУНАРОДНИ ЗДРУЖЕНИЈА/АКРЕДИТИВИ (меѓу другите)

Филмска енциклопедија на Ефраим Кац - издание Харпер Перениал 1994;
Филмски речник на Ларус, 1986;
Faber Companion to Foreign Films, Р. Берган и Р. Карни, 1992;
Историја на играниот филм, Дејвид А. Кук, 1996;
Ослободен филм, Дениел Ј. Голдинг, 1985
и др.

МЕЃУНАРОДНИ ЖИРИЈА

Карлови Вари, 2000;
Троја, Португалија (претседател), 1995;
Братислава (претседател), 1994;
Истанбул, 1990;
Монтреал, 1985.

Владимир БЛАЖЕВСКИ, Македонија, режисер - член

БИОГРАФИЈА

Роден во 1955 во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград 1978 година, на Катедрата за филмска режија. По завршување на студиите, професионално се занимава со филм и телевизија. Снимил седум докуметарни филмови, десетина наменско-комерцијали документарни филмови, неколку рекламни спотови, преку 250 телеизиски емисии со различни профили и должини (авторски документарни ТВ филмви, репортажи, образовни и научни серии, живи преноси, итн), како и два целовечерни играни филма.

Има добиено повеќе награди, од кои најзначајни се: Златна арена за режија на филмот HI-FI на Филмскиот Фестивал во Пула во 1987, Златен медал на Интернационалниот Филмски Фестивал во Салерно, за филмот БУЛЕВАР РЕВОЛУЦИЈА, Прва награда на Фестивалот за документарни филмови во Дуизбург, за филмот КИНЕСКИ ПАЗАР. Од 1994 година, работи како профессор по Историја нафилм и Теорија на филм на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

ФИЛМОГРАФИЈА

2005: МИС БИХ (долгометражен игран филм), сценарист;
2003: ГОЛЕМАТА ВОДА (долгометражен игран филм), сценарист;
2003: КАКО СЕ РАЃА ЛЕПЧЕТО (долгометражен документарен филм), режисер;
2002: ДУЗИНА ПРИКАЗНИ ЗА ВИНОТО (долгометражен документарен филм), режисер;
2001: КИНЕСКИ ПАЗАР (долгометражен документарен филм), режисер;
1997: ЏИПСИ МЕЏИК (долгометражен игран филм), сценарист;
1992: БУЛЕВАР РЕВОЛУЦИЈА (долгометражен игран филм), сценарист и режисер;
1987: HI-FI (долгометражен игран филм), режисер.