ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИTE НА 27. ИФФК „БРАЌА МАНАКИ”

 

На 30 септември 2006 година, во Центарот за култура во Битола, во 22,00 часот со свечена церемонија, на којашто беа доделени годинешните фестивалски награди, се затвори 27-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Членовите на Интернационалното жири на 27. ИФФК „Браќа Манаки“ (Фабио ЧАНКЕТИ, кинематографер – претседател; Мартин ГШЛАХТ, кинематографер - член; д-р Мартин БЛЕЈНИ, филмски критичар - член; Срѓан КАРАНОВИЌ, режисер – член и Владимир БЛАЖЕВСКИ, режисер– член) ги доделија следниве награди:

„ЗЛАТНА КАМЕРА 300“ на филмот ЧУКАЊЕТО НА МОЕТО СРЦЕ ЗАПРЕ/THE BEAT THAT MY HEART SKIPPED, од кинематограферот Stéphane Fontaine, за совршената соработка меѓу режисерот, кинематограферот и креативниот тим, како и за севкупниот пристап кон сите елементи на визуелната креативност.

„СРЕБРЕНА КАМЕРА 300“ на филмот КОСМОСОТ КАКО ПРЕТЧУВСТВО/DREAMING OF SPACE, од кинематограферот Juri Klimenko, за прекрасното прикажување на атмосферата на времето и просторот со уметнички креирани слики што остануваат во сеќавање долго по завршувањето на филмот.

„БРОНЗЕНА КАМЕРА 300“ на филмот ДЕЛИКВЕНТ/TOUGH ENOUGH, од кинематограферот Kolja Brandt, за неговиот модерен, прецизен пристап кон динамичниот мизансцен што едновремно користи и дигитална техника на еден креативен начин. Уште повеќе, филмот е убедлив преку неговата сурова автентичност.

Две СПЕЦИЈАЛНИ НАГРАДИ на ТАЈНАТА КНИГА/THE SECRET BOOK (Македонија) и УТРЕ ИЗУТРИНА/TOMORROW MORNING (Србија), за да ја поттикне потрагата по поголема разновидност во кинематографијата на Југоисточна Европа.

СПЕЦИЈАЛНАТА НАГРАДА на МОСФИЛМ на починатиот Adrian Biddle за филмот О КАКО
ОДМАЗДА/V FOR VENDETTA за да оддаде признание на неговата импресивна кариера како кинематографер.

 

НАГРАДАТА ОД ФЕСТИВАЛСКАТА ПУБЛИКА на 27-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ му припадна на македонскиот филм ТАЈНАТА КНИГА/THE SECRET BOOK.

Битола, 30.09.2006