МЕНАХЕМ ГОЛАН
Менахем Голан е роден во семејство на полски дисиденти во Тибериас, Израел во мај 1929 година. Во младоста, бил пилот на тукушто формираните Изреалски Воздухопловни Сили. По служењето во Војната за независноста, Голан заминал за Лондон за да студира театар на Олд Вик театарската школа. По неговото враќање, тој станал најмладиот театарски режисер во земјата, работел со израелските Хабима Театар и Охел Театар. Режирал модерни американски, француски и израелски драми. Во 1958 година, Голан заминал за САД да студира филм на Универзитетот Колумбија и на Њујорк Сити Колеџот. Подоцна тој му се приклучил на американскиот продуцент Роџер Кормeн како асистент во филмот МЛАДИ ТРКАЧИ, работејќи рамо до рамо со Френсис Форд Копола кој со текот на годините станал и негов ментор. Во 1963 година, Голан формирал сопствена продукциска компанија во Израел наречена NOAH, по името на неговиот татко. Низ годините Голан продуцирал и режирал повеќе од 40 филмови кои станале светски познати, освојувале фестивалски награда и неколку Номинации за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје (инаку, во филмографијата на Голан како продуцент се регистрирани над 200 играни филмови, што го прават веројатно продукциски шампион во историјата на светскиот филм, како режисер со над 40 филмови и како сценарист со над 30). Меѓу неговите филмови е и филмот ОПЕРАЦИЈА МОЛЊА за кој доби Номинација за Оскар за најдобар режисер и продуцент. Беше Номиниран и за филмот КАЗАБЛАН, израелски мјузикл, дистрибуиран од МГМ. Серијата на хит комедијата ЛИЖАВЧЕ ОД ЛИМОН и продуцент на филмот САЛАХ, каде во главната улога се појавува Топол, а режијата и сценариото се на Ефраим Кишон. Голан, заедно со својот помлад братучед Јорам Глобус почнал да работи интернационално со нивната американска компанија Cannon Films, која станува број еден независна компанија во Холивуд. Голан започнува да продуцира и да режира филмови како што се ПРЕКУ ВРВОТ (со Силвестер Сталоне); МАГИОНИЧАРОТ ОД ЛУБЛИН (со Алан Аркин и Шели Винтерс); КРВАВ СПОРТ и АМЕРИКАНСКИ КИБОРГ (со Жан Клод Ван Дам), СМРТНА ЖЕЛБА (со Чарлс Бронсон), модерната верзија на ЗЛОСТОРСТВО И КАЗНА од Достоевски (со Џон Харт и Ванеса Редгрејв) и во 1984 година го продуцира Оскаровецот во категоријата за најдобар странски филм- НАПАД. Во 1980-тите години, Голан продуцирал многу филмови како што се: ЗАВИСНИК ОД ТРКАЧКИТЕ ПАТЕКИ (со Брук Шилдс), ЛАМБАДА, ЗАБРАНЕТИОТ ТАНЦ, МЕК НОЖОТ (каде главните улоги им беа доделени на Раул Џулија и Јулија МекГинис), мјузиклот САЛСА, акционите филмови како што се: ИЗГУБЕНИ ВО АКЦИЈА и ДЕЛТА СИЛИТЕ (со Чак Норис), КАФЕАНСКИ ЧОВЕК (во улоги на Мики Рурк и Феј Данавеј) и ОТЕЛО (со Пласидо Доминго во главна улога), ЉУБОВНА РЕКА (со Џон Касаветас и Џина Роулендс), овој филм е добитник на Златна мечка на Берлинскиот филмски фестивал и многу други успешни филмови. Во моментов, Голан продуцира разни филмови низ Европа и во Израел со својата продуцентска куќа Jaffa Production Ltd. Неговиот последен филм, снимен во летото 2007 година, ДОЗВОЛА ЗА ВЕНЧАВАЊЕ беше базиран на хит комедијата на Ефраим Кишон. Во 2008 година Голан се подготвува за филм кој би се сметал за еден од најважните проекти во неговата кариера, базиран на најнаградуваната книга од Арон Аплфелд БАДЕНХАЈМ 39 и ќе биде сниман во Европа следната пролет 2009 година.
|