КАРЕН ШАХНАЗАРОВ
ЛАУРЕАТ НА СПЕЦИЈАЛНАТА „КАМЕРА 300“

 

Карен Георгиевич ШАХНАЗАРОВ е роден на 8 јули, 1953 год. во Краснодар (Советски Сојуз, сега Руска Федерација).

Шахназаров е еден од водечките руски великани на филмската уметност вдахновен со специфичен талент, филмски режисер, сценарист, автор на прозни дела и продуцент. Тој е Уметник на народот на Руската Федерација од 2002 год. Сликите, создадени од филмскиот режисер и сценарист се навистина разновидни во драматските концепти и пораките на авторот; во согласност со традициите на жанровскиот филм, сите тие имаат одредени приказни и експлицитни односи на ликовите.

Како дете Карен бил заинтересиран за сликање и сакал да се запише на Факултет за уметности, но за тоа била потребна диплома од уметничко училиште, а тој немал таква диплома. Така, одлучил да студира филмска режија на VGIK (All Union State Institute of Cinematography) во Москва, од 1969 до 1975 год., кога дипломирал филмска режија во класата на Игор Талакин. Така, негова специјалност стана филмската и телевизиската режија. Како студент во 1973-1974 год. работи на договор како асистент на продукција во Мосфилм. Во 1975 год. Шахназаров го прави својот прв краткометражен игран филм (сценарист-режисер) како своја дипломска работа, со наслов РАСЧЕКОРИ, МАЕСТРО!/SHIRE SHAG, MAESTRO!/STEP WIDE, MAESTRO!- Од 1976 год. тој е филмски режисер, а од 1984 директор на продукција во студиото на Мосфилм. По неговиот прв краткометражен филм следат уште два краткометражни филма: /НА ШКОЛСКИОТ ПАТ/NA SKOLZKOJ DOROGE/ON THE SCHOOL PATH (1977) и ВАСИЛИЈ ШУКШИН НА ЕКРАНИТЕ/NA EKRANE VASILI SHUKSHIN/VASILY SHUKSHIN ON THE SCREEN (1977).

Во 1987 год. Шахназаров станува уметнички директор на Креатнивната група Старт, преименувана во Студио Курир од 1990 год. Во 1991 год. станува уметнички директор на Филмското Студио Куриер во рамките на Концернот Мосфилм . Од 20 април, 1998 год., Карен Шахназаров ја комбинира својата креативна кариера со ни малку едноставните должности на Генерален Директор и Раководител на Административниот Одбор на Концернот Мосфилм.

Во 1979 год. Шахназаров го режира својот прв целовечерен игран филм ДОБРИЧИНИ/DOBRYAKI/KIND MEN награден на Фестивалот на младите филмски работници во Мосфилм и диплома за 2. место на 5. All-Union Competition (VGIK) за најдобра употреба на домашен колор-негатив од филмските залихи
(1980). Подоцна се пробува и како сценарист (заедно со Александер Бородјански, неговиот соработник во многу наредни филмови) во филмот на Иван Киасашвили ДАМИТЕ БИРААТ/DAMY PRIGLASHAYUT KAVALEROV/LADIES INVITE GENTLEMEN (1980).

Во 1983 год. Шахназаров како ко-автор на сценарио заедно со А. Бородјански, го режираше својот прв попознат филм во жанрот на музичка комедија. Тоа беше филмот НИЕ СМЕ ОД ЏЕЗ/MY IZ DZHAZA/WE ARE FROM JAZZ, во кој настапуваа Игор Склјар, Александр Панкратов-Чорни и Јелена Циплакова, што му донесе признание и популарност на Карен како филмски режисер и сценарист. Филмот дефиниран од гледачите како најдобриот филм на годината, освои неколку интернационални награди (Московски фестивал на млади филмски работници, 1984 год.; Специјална награда од Жирито на ИФФ за музички филмови во Гренобл, Франција, 1984 год.; ИФФ на филмовите за Џезот во Лоѓ, Полска, 1984 год.; Дипломи од Лондон, Чикаго, Хонг Конг).

Следниот многу популарен филм на Шахназаров (ко-автор заедно со А. Бородјански и режисер), ЗИМСКА ВЕЧЕР ВО ГАГРА/ZIMNIY VECHER V GAGRAKH/А WINTER NIGHT IN GAGRY, пуштен во кино салите во 1985 год,, стана неговиот втор по големина успех како музичка комедија. Филмот ја освои Наградата Ленин Комсомол за развој на жанрот музичка комедија, според анкетата на јавното мислење од страна на списанието Советски Екран како, најдобар домашен музички филм од 1985 год.

Филмот за ексцентричната младина КУРИР/KURIER/THE MESSENGER BOY (1987) напишан и режиран од Карен Шахназаров беше поздравен со големи овации. Авторот успеа да ги дофати карактеристиките на младата генерација која растеше на крајот на епохата на Стагнација и чудни односи помеѓу луѓето во тие тешки времиња. Филмот доби Специјалната награда на жирито и наградата на ФИПРЕСЦИ „Во сеќавање на А. Тарковски“ на XV Интернационален филмски фестивал во Москва, 1987 год. Уште еднаш како коавтор на сценариото заедно со А. Бородјански, во 1988 год. Шахназаров ја режираше фантастичната фарса ГРАД ЗЕРО/GOROD ZERO/ZERO CITY, во кој игра Леонид Филатов. Филмот имаше голем светски успех на фестивалите (Главна награда „Златен Хуго„ на XXV Филмски фестивал во Чикаго, САД, 1989 год; Награда на ЕСФА/Европско здружение за научна фантастика “За најдобар филм” во Сан Марино, 1989 год; Наградата „Сребрен Шилец“ на XXXIV Интернационален филсми фестивал во Бергамо, Италија; Интернационален филмски фестивал во Ваљадолид, Шпанија, 1989 год.; Филмот исто така учествуваше на ЛФФ/Лондонскиот фестивал на фестивалите во 1989 год.).

Во историскиот игран филм УБИЕЦОТ НА ЦАРОТ/TSAREUBIYTSA/THE ASSASSIN OF THE TSAR (1991), Шахназаров ја разработува трагичната загуба на Николај II и неговото семејство. Филмот може да се пофали со одличното актерско дуо: Олег Јанковски и Малколм МекДауел. Оваа копродукција на СССР со Обединетото Кралство учествуваше во Главната конкуренција на Канскиот филмски фестивал, 1991 год.

По овие филмови, Шахназаров, уште еднаш како коавтор на сценарио заедно со А. Бородјански, во 1933 се врти кон жанрот на сатиричната комедија и го режира својот СНИ/SNY/DREAMS. Филмот СНИ, во кој главната улога ја игра Олег Басилашвили, е приказна за апсурдноста и неверојатноста на начинот на живот во Русија по Перестројката.

Во 1995 год, филмот АМЕРИКАНСКА ЌЕРКА/AMERIKANSKAYA DOCH/AMERICAN DAUGHTER беше пуштен во кино салите; филмот во кој главната улога му беше доделена на Владимир Машков е направен во најдобрата традиција на американска комична мелодрама (Специјална награда од жирито на II Интернационален филмски фестивал во Шангај, Кина 1995 год.; Големата претседателска награда “Надежда” за главната женска улога Алисон Витбек, САД, на III Отворен руски и интернационален филмски фестивал во Сочи, 1995 год.; Филмот исто така беше во Конкуренција на ИФФ во Монтреал, Каиро, Гетеборг, Делхи, Тромсо).

Во 1998 год. Карен Шахназаров излезе со уште едно негово величенствено дело, брилијантниот филм насловен ДЕН НА ПОЛНАТА МЕСЕЧИНА/DEN POLNOLUNIYA/DAY OF THE FULL MOON: бизарен калеидоскоп на фрагменти на приказната, кој ја претставува реалноста испреплетена со романтични навраќања во минатото, што го претвора неговиот суров, скоро и неверојатен филм во поетско патување во времето и просторот. (Филмот ги добива: Специјалната фестивалска награда и Специјалната ФИПРЕСЦИ награда на XXXIII Интернационален филмски фестивал во Карлови Вари; Првата награда на XI Панорама на европскиот филм во Атина; Награда на претседателскот совет на IX Отворен руски филмски фестивал во Сочи “Кинотавр”; Професионалната награда на руската академија за филмски уметности “Ника-99” за Најдобро сценарио за А. Бородјански и К. Шахназаров).

Следниот извонреден филм беше ОТРОВИ ИЛИ СВЕТСКА ИСТОРИЈА НА ТРУЕЊЕТО/YADY, ILI VSEMIRNAYA ISTPRIYA OTRAVLENIY/POISONS OR THE WORLD HISTORY OF POISONING (2001), фантастична црна комедија во која главната улога ја игра Олег Басилашвили (Гран-При на Отворениот руски филмски фестивал “Кинотавр”, Сочи, 2001 год.; Награда за најдобро сценарио на Интернационалниот филмски фестивал “Киндред” во Колумбија,САД, 2003 год). Филмот КОЊАНИКОТ НАРЕЧЕН СМРТ/VSADNIK PO IMENI SMERT/THE RIDER NAMED DEATH, 2004 год, го третира прашањето за терористите на раниот XX век. Во 1904 год. Русија е шокирана од серија сурови и ладнокрвни убијци. Владата и воените претставници стануваат жртви на терористите. Сигурни во нивната безгрешност и неказнетост, терористите почнаа да ги ловат членовите на Кралското семејство. Филмот КОЊАНИКОТ НАРЕЧЕН СМРТ (сценарио на К. Шахназаров и А. Бородјански), работен според романот „Бледиот Коњ“ од Борис Савинков (уметнички синоним В.Ропшин, а руска политичка фигура од почетокот на XX век, кој организираше и учествуваше во сериите на терористичките акти), ја кажува приказната за потресената Русија во раните 1900-ти. Филмот КОЊАНИКОТ НАРЕЧЕН СМРТ во 2005 год. веше во Конкуренција на ИФФК Браќа Манаки со кинематограферот Владимир Климов. Во 2005 год, филмот доби награда на Фестивалите во Ерусалим (Израел), Искија (Италија) и имаше поширока интернационална презентација, преку учеството на следниве Интернационални фестивали: ИФФ во Монтреал, ИФФ во Брисел, ИФФ во Хавана, ИФФ во Кејптаун (Јужноафриканска Република), ИФФ во градот Гоа (Индија), ФЕСТ во Белград (Србија), ИФФ во Сингапур.

Во неговиот последен носталгичен игран филм ИСЧЕЗНАТАТА ИМПЕРИЈА/ISCHEZNUVSHAYA IMPERIA/THE VANISHED EMPIRE, пуштена во кино салите во 2008 год, се раскажува за советската младина на 1970-тите на еден искрен и емотивен начин. Првиот наслов на филмот беше РОДЕН ВО СССР (како парафраза на американскиот филм насловен РОДЕН ВО САД, 1987 год., во режија на Пол Шредер, инициран од песната на Брус Спрингстин од 1981 год.).

Со искучок на неговите активности околу филмската режија и пишувањето на сценарија, да не споменуваме ништо околу неговиот ангажман како Генерален Директор на Мосфилм Студиото, Карен Шахназаров бил и продуцент на наколку негови филмови вклучувајќи го и последниот ИСЧЕЗНАТАТА ИМПЕРИЈА.

- Карен Шахназаров е Лауреат на Литературната награда Борис Полевој за романот „Курир” напишан  во 1982 год. кој го инспирираше за неговиот филм под истото име, со оригинален наслов КУРИР/ KURER/THE MESSENGER (1987), кој подоцна му ја донесе Државната наградата на Руската Федерација Браќа Василеви. Тој е и добитник на Наградата Ленин Комсомол за развој на жанрот на музичка комедија во филмовите НИЕ СМЕ ОД ЏЕЗ/MY IZ DZHAZA/WE ARE FROM JAZZ и ЗИМСКА ВЕЧЕР ВО ГАГРA/ZIMNIY VECHER V GAGRAKH/A WINTER NIGHT IN GAGRY. Тој е лауреат на Државната награда на Руската Федерација за филмот ЅВЕЗДА/ZVEZDA/THE STAR како генерален продуцент на проектот (2002, режија Н.Лебедев). Покрај романот “Курир” тој е и автор на романот „Млади авиони“ (“Young dirigibles”).
-Член на Унијата на руски филмски работници,
-Член на Одборот на Министерството за култура на Руската Федерација,
-Народен Уметник на Русија,
-Член на ЕФА/Европската Филмска Академија.

ФИЛМОГРАФИЈА (како сценарист-режисер)
РАСЧЕКОРИ, МАЕСТРО!/SHIRE SHAG, MAESTRO!/STEP WIDE, MAESTRO! (1975); НА ШКОЛСКИОТ ПАТ/НА ШКОЛСКОЈ ДОРОГЕ/ON THE SCHOOL PATH (1977); ДОБРИЧИНИ/ДОБРЈАКИ/KIND MEN (1979);НИЕ СМЕ ОД ЏЕЗ/МИ ИЗ ДЖАЗА/WE ARE FROM JAZZ (1983); ЗИМСКА ВЕЧЕР ВО ГАГРА/ЗИМНИИ ВЕЧЕР В ГАГРАХ/WINTER NIGHT IN GAGRY (1985); КУРИР/COURIER/THE MESSENGER (1987); ГРАД ЗЕРО/ГОРОД ЗЕРО/ZERO CITY (1988); УБИЕЦОТ НА ЦАРОТ/ЦАРЕУБИИЦА/THE ASSASIN OF THE TSAR (1991); СНИ/СНИ/DREAMS (1993); АМЕРИКАНСКА ЌЕРКА/АМЕРИКАНСКАЈА ДОЧ/AMERICAN DAUGHTER (1995); ДЕН НА ПОЛНАТА МЕСЕЧИНА/ДЕН ПОЛНОЛУНИЈА/THE DAY OF FULL MOON (1998); ОТРОВИ ИЛИ СВЕТСКА ИСТОРИЈА НА ТРУЕЊЕТО /ЈАДИ, ИЛИ ВСЕМИРНАЈА ИСТОРИЈА ОТРАВЛЕНИЈ/POISONS OR THE WORLD’S HISTORY OF POISONING (2001); КОЊАНИКОТ НАРЕЧЕН СМРТ/ВСАДНИК ПО ИМЕНИ СМЕРТ/THE RIDER NAMED DEATH (2004, режисер, генерален продуцент, коавтор заедно со А. Бородјански); ИСЧЕЗНАТАТА ИМПЕРИЈА/ИСЧЕЗНУВШАЈА ИМПЕРИЈА/THE VANISHED EMPIRE (2008, директор&генерален продуцент).