ЖИРИ НА ОФИЦИЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА НА
отвори сите ↓ | затвори сите ↑ Кристијан БЕРГЕР, Кинематографер (Австрија) – Претседател
Роден во Инсбрук, Австрија во 1945 година. Кинематографер, режисер, актер, продуцент, професор и писател на бројни документарци, ТВ филмови, и долгометражни филмови. Во 1973 ја основа својата продукциска компанија ТТВ филм во времето кога работеше многу како изработувач на филмски документарци. Во 1977 година, го гради своето експериментално Видео Студио. Неговите лични проекти (режисер и кинематографер) ги вклучуваат РАФЛ (1984), ХАНА ЧУДОВИШТЕ, ДРАГА/HANNA MONSTER, LIEBLICH/HANNA MONSTER, DARLING (1989), МАУТПЛАЦ/MAUTPLATZ (1994) and ЖИВОТ НА СЕЛО/LANDLEBEN /LIFE IN THE COUNTRY (1995). Бергер е кинематографер за познати режисери како Мајкл Ханеке (за кој ги снима скоро сите негови филмови вклучувајќи ги последните два од неговиот австриски период: ВИДЕОТО НА БЕНИ/BENY’S VIDEO in 1992 година и 71 ФРАГМЕНТИ НА ХРОНОЛОГИЈАТА НА СЛУЧАЈНОСТТА/71 FRAGMENTS OF A CHRONOLOGY OF CHANCE во 1994 година), Лук Бонди, Волфганг Глук, Амоси Гитаи, Стивен Гаган. Универзитетски професор на Филмската академија во Виена. Основачки член на Академијата за светло Бартенбах, повремен преавач на различни интернационални филмски школи (Болзано, Хавана, ФЕМИС/Париз, ХФФ Берлин, данската Филмска Академија Копенхаген).
Кристијан Бергер го разви новиот систем на светло CINE REFLECT LIGHTING SYSTEM Berger/Bartenbach во соработка со Бартенбах Лихтлабор (г. Бергер го презентирапе овој систем на 26. издание на Филмскиот фестивал Браќа Манаки во 2005 година кога и беше во конкуренција со филмот СКРИЕНО/ CACHÉ/HIDDEN од Ханеке, добитник на Наградата од публиката). Покрај создавањето на нови естетски можности за камерата, овој систем на актерите и режисерите им дава единствена флексибилност и слобода. Бергер за прв пат го користел овој систем до одредена мерка во ПИЈАНИСТОТ/LA PIANISTE/THE PIANO PLAYERод Ханеке и целосно го користел системот на светло CINE REFLECT LIGHTING SYSTEM Berger/Bartenbach при снимањето не филмовите: МЕМОАРИТЕ НА МРТВИОТ ЧОВЕК/DER GLÄSERNE BLICK/DEAD MAN’S MEMORIES(2002), НЕ ПРАВИ ТАКА/ DON’T DO THAT/NE FAIS PAS ÇA (2004), МОЈОТ УБИЕЦ/MEIN MÖRDER/MY MURDERER (2005), СКРИЕНО/CACHE/HIDDEN (2005, режисер Ханеке), комерцијалниот МАСТЕРКАРТИЧКА/MASTERCARD and ПОВЛЕКУВАЊЕ/DÉSENGAGEMENT/DISENGAGEMENT (2007). Моментално го снима новиот филм БЕЛАТА ТРАКА/DAS WEISE BAND/THE WHITE BAND (to be released in 2009). Менахем Голан, Продуцент (Израел) – Член на Жирито Менахем Голан е роден во семејство на полски дисиденти во Тибериас, Израел во мај 1929 година. Заминал за Лондон за да студира театар на Олд Вик театарската школа. По неговото враќање, тој станал најмладиот театарски режисер во земјата. Режирал модерни американски, француски и израелски драми. Во 1958 година, Голан заминал за САД да студира филм на Универзитетот Колумбија и на Њујорк Сити Колеџот. Подоцна тој му се приклучил на американскиот продуцент Роџер Кормeн како асистент за неговиот филм “МЛАДИ ТРКАЧИ”. На овој филм тој работел рамо до рамо со Френсис Форд Копола кој со текот на годините станал и негов ментор. Во 1963 година, Голан формирал сопствена продукциска компанија во Израел наречена NOAH. Во текот на годините Голан продуцирал и режирал повеќе од 40 филмови кои станале светски познати, освојувале фестивалски награда и неколку номинации за Оскар. Меѓу неговите филмови е и филмот “ОПЕРАЦИЈА МОЛЊА” за кој доби номинација за Оскар за најдобар режисер и продуцент. Исто така, тој доби номинација и за филмот “КАЗАБЛАН”, израелски мјузикл, дистрибуиран од MGM. Тој е продуцент и на филмот “САЛАХ”, исто така номиниран за Оскар, каде во главната улога се појавува Топол а режијата и сценариото се на Ефраим Кишон. Голан, заедно со својот помлад братучед Јорам Глобус почнал да работи интернационално со нивната американска компанија CANNON FILMS, која станува број еден независна компанија во Холивуд. Голан започнува да продуцира и да режира филмови како што се “ПРЕКУ ВРВОТ” (со Силвестер Сталоне); “МАГИОНИЧАРОТ ОД ЛУБЛИН” (со Алан Аркин и Шели Винтерс); модерна верзија на “ЗЛОСТОРСТВО И КАЗНА” од Достоевски (со Џон Харт и Ванеса Редгрејв) и во 1984 година го продуцира Оскаровецот (за најдобар странски филм) “НАПАД”. Во 1980 година Голан продуцирал многу филмови како што се: “СПИДВЕЈ ЗАВИСНИК” (со Брук Шилдс), “ЛАМБАДА”, мјузиклот “САЛСА”, акционите филмови како што се: “ИЗГУБЕНИ ВО АКЦИЈА” и “ДЕЛТА СИЛА” (со Чак Норис), “КАФЕАНСКИ ЧОВЕК” (во улоги на Мики Рурк и Феј Данавеј); “ОТЕЛО” (со Пласидо Доминго), “РЕКИ ЉУБОВ” (со Џон Касаветас и Џина Роулендс), овој филм е добитник на Златна мечка на Берлинскиот филмски фестивал и многу други успешни филмови. Во моментов, Голан продуцира разни филмови низ Европа и во Израел со својата продуцентска куќа Jaffa Production Ltd. Неговиот последен филм, снимен во летото 2007 година, “ДОЗВОЛА ЗА ВЕНЧАВАЊЕ” беше базиран на хит комедијата на Ефраим Кишон. Во 2008 година, Голан се подготвува за филм кој би се сметал за еден од најважните проекти во неговата кариера базиран на наградуваната книга од Арон Аплфелд “БАДЕНХАЈМ 39” кој ќе биде сниман во Европа следната пролет 2009 година.
Столе ПОПОВ, Режисер (Република Македонија) - Член на Жирито
Роден во Скопје, Република Македонија во 1950 година. Стидирал режија на Академијата за Театар и Филм во Белград. Неговиот прв филм е наградениот документарец од 1973 година, „99”. После тоа го снима ОГАН документарец кој исто така беше награден и во исто време беше кандидат за Оскар во 1974 година. Во 1976 година го режира долгометражниот документарец АУСТРАЛИЈА/AUSTRALIA, добитник на Престижниот Златен Медал на Белградскиот Фестивал кој исто така беше кандидат за Оскар во 1976 година. Во 1979 година неговиот краток документарец ДАЕ доби Златен Медал на Белградскиот Фестивал и Гран При на Фестивалот во Оберхаусен и меѓудругото беше номиниран за Наградата на академијата во 1980 година.
ЦРВЕНИОТ КОЊ беше неговиот прв долгометражен филм (во кој беше и соработник сценарист). Филмот освои диплома на ФЕСТ-1982 каки и диплома на ФИЛМЕКС на фестивалите во Сан Франциско и Лос Анџелес. На Југословенскиот Филмски Фестивал во Пула 1986 година освои ГранПри и Златна Ареан за неговиот втор долгометражен филм СРЕЌНА НОВА ’49. Истата година овој филм беше југословенски кандидат за Оскарот за најдобар странски филм и во конкуренција на Фестивалот во Сан Себастијан. Во 1991 година беше соработник сценарист и режисер на неговиот трет долгометражен филм ТЕТОВИРАЊЕ. Филмот влезе во конкуренција на 9-те најдобри европски филмови за наградата ФЕЛИКС и беше македонски кандидат за Оскарот за најдобар странски филм. Неговиот последен филм е ЏИПСИ МЕЏИК (1997). Во подготовка е неговиот нов проект ПРИКАЗНА ЗА ДИВИОТ ИСТОК. Столе Попов моментално работи како професор по режија на Академијата за театар и филм во Скопје. Во 1995 година, на 16. издание на Филмскиот Фестивал Браќа Манаки беше член на Интернационалното жири. Су ГИБСОН, Кинематографер (Обединето Кралство) – Член на Жирито
По дипломирањето на Националното филмско училиште во 1981 год., Су станува кинематограгер и ја започнува својата кариера во ТВ рекламите. Во текот на 1980-ите работи во Лос Анџелес, Њујорк, Париз, Лондон, Јужна Африка и Русија, за што добива признание од Наградите за реклами на британската телевизија, Здружението на дизајнери и уметнички директори и Канскиот Фестивал.
Нејзиниот прв долгометражен филм е СЛУШНИ ЈА МОЈАТА ПЕСНА во режија на Питер Челсом во 1989 год., после кој го снима ТАЈНИ ПРИЈАТЕЛИ во 1990 год., последниот филм режиран од Денис Потер, за кој ја доби Evening Standard Film Award во 1992 год. Оттогаш до сега, таа сними уште неколку играни филмови меѓу кои ГОСПОЃА ДАЛОВЕЈ, ЛОНДИНИУМ, ПОТРАГАТА ПО ЏОН ГИСИНГ и ВОЈНАТА СО ЗЕЛКИ НА ГОСПОЃА КАЛДИКОТ, и 2. тим на: ПРИТАЕНО ЗЛО и ALIEN vs. PREDATOR. Помеѓу нејзините телевизиски остварувања се ПОМЕЃУ ЖЕНИТЕ кој ја доби Наградата на Ирската академија за филм и телевизија за Најдобар придонес кон занаетот, САГА ЗА ФОРСАЈТИТЕ (не оригиналната серија, не е толку стара), и го постави стилот на успешните Би Би Си серии and set the style for the successful BBC series АГЕНТИ за Кудос Филмс (Kudos Films). Таа ги фотографира ГОСПОЃИЦА МАРПЛ, ПОАРО И ЏЕРИКО за Гранада и БУНТ НА ОБИЧАЈОТ за Би Би Си 2. Покрај нејзината работа како кинематографер таа е ментор и тутор на студенти на NFTS и LCC со цел да ја зачува иднината на индустријата, и работи, преку Би Ес Си, на обука на кинематограферите со цел да ги информира за промените во нашата индустрија поврзани со Високата Резолуција и новата технологија. Избрана во 1992 год., Су Гибсон е првата жена поканета да се приклучи на Британското здружение на кинематографери од неговото формирање во 1949 год. Во 2004 год. се приклучува на Одборот на гувернери и е избрана за Претседател на Би Ес Би/ Британското здружение на кинематографери во 2008 година. Иван ФЕНJО, Актер (Унгарија) – Член на Жирито
Роден на 15 јуни, 1979 год. во Будимпешта, Унгарија. Дипломирал на Академијата за филм и драма во Будимпешта во 2003 год, каде професори му биле Габор Мате и Иштван Хорваи. Веднаш потоа, станува член на престижниот театар во Будимпешта, Театарот Џозеф Катона.
Помеѓу неговите театарски улоги се ТАРТИФ на Молиер, ИДИОТ на Достојевски, ИВАНОВ И ПЛАТОНОВ на Чехов, СОНОТ НА ЛЕТНАТА НОЌ (преведено на македонски СПРОТИ ИВАНДЕН) на Шекспир или ТАА МЕ САКА на современиот писател на драми Петер Естерхази. Дебитираше во филмот на Петер Годар од 2003 год. УНГАРСКА УБАВИНА, а во 2004 год. се појави во филмот на Кристина Деак КОИ ПО ЃАВОЛИТЕ СЕ БОНИ И КЛАЈД?. Во 2005 год., Сем Мендез го ангажираше за улогата на Пинко во неговиот воен филм ЏАРХЕД.
|